Вто04232019

Последна промена11:48:23 AM

 

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Република Македонија замина во историјата

Република Македонија замина во историјата

Сподели

Името на нашата држава Република Македонија, од денеска се заменува со Република Северна Македонија.

Се симнуваат таблите и натписите кои го означуваа досегашното име на нашата држава Република Македонија. Тие, денеска, ќе бидат заменети со новото уставно име, Република Северна Македонија,кое е во согласност со постигнатиот и ратифукуван договор меѓу Македонија и Грција.
Прва институција која ќе добие нов натпис Република Северна Македонија е владата. Утрината таа осамна без натписот на главниот влез, а штом ќе биде и официјално пристигната нотата од соседна Грција и објавена во Службен весник, дека Договорот е ратификуван во нивниот парламент, ќе бидат ставени новите букви со натписот на нашето ново државно уставно име.На граничните премини новите табли со Република Северна Македонија се веќе пристигнати.
Денеска Грција со вербална нота треба да ја извести Република Македонија дека се поминати сите пречки за ставање на крај на деценискиот спор за името и почнува да важи Преспанскиот договор со кој нашата земја ќе се вика Република Северна Македонија.Следниот чекор е Република Северна Македонија и Грција да достават заедничко писмо до Генералниот секретар на ООН, со кое го информираат Антонио Гутереш за датумот на влегување на сила на Конечната спогодба. По ова, Република Северна Македонија на соодветен начин ги информира Секретаријатот на ООН, земјите-членки, земјите набљудувачи на ООН, како и сите останатите меѓународни организации чија членка е, за настанатите промени. Сето ова се очекува да се случи во следните неколку дена.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK