Пет02152019

Последна промена12:36:29 AM

 

Back Вие сте на: Home Вести Македонија Изложба „100 години Требеништa"

Изложба „100 години Требеништa"

Сподели


Златните маски од Требеништа ќе бидат дел од големата изложба во Скопје.

Следниот месец во Археолошкиот музеј ќе биде отворена најзначајната изложба на македонската, балканската и европска археологија „100 години Требениште". По повод еден век од истражувањата на овој локалитет кај охрид ќе бидат претставени златните маски од 6 век п.н.е. И други предмети најдени во некрополата кај охридско. Изложбата „100 години требениште“ е заеднички проект на Археолошкиот музеј на Македонија, Народен музеј од Белград, националниот Археолошки институт и музеј од Софија и завод и музеј Охрид. Трите матични археолошки музејски институции од Македонија, Србија и Бугарија со овој проект ја одбележат стогодишнината од откривањето на локалитетот Требениште кај Охрид. „Тоа се наодите откриени при археолошките истражувања на бугарски, српски и македонски археолози.На изложбата, која ќе трае до август, првпат на едно место ќе бидат изложени скапоцените предмети од охридските некрополи од Требениште и Горна порта, кои денес се во сопственост на Македонија, Бугарија и на Србија.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK