Пет08232019

Последна промена05:16:55 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Полио Плус: Да се решаваат предизвиците при изборните права на лицата со хендикеп

Полио Плус: Да се решаваат предизвиците при изборните права на лицата со хендикеп

Сподели

Создавање поповолни услови за остварување на изборните права на лицата со хендикеп, побара денеска „Полио Плус“.

Полио Плус- граѓанската организација на лица со и без хендикеп која работи на суштинско поврзување и целосно остварување на основните човекови права и слободи на лицата со хендикеп, денеска оствари средба со Оливер Деркоски, претседател на Државна изборна комисија. На средбата се разговарало за големиот број на предизвици со кои се соочуваат граѓаните со хендикеп при остварувањето на политичките и изборните права. Воедно, се дискутирало и за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат институциите при креирањето на условите како лицата со хендикеп би можеле да го остварат ова право.
-Покрај размената на искуствата и дискусијата за предизвиците со г- дин Оливер Деркоски се договоривме да ја зајакнеме заедничката заложба преку потпишување на меморандум за соработка со цел поголема излезност на претстојните избори, но и покренување на иницијативи и чекори кои би воделе кон ефективна имплементација на Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп што ќе доведе до поголема едукација и подигнување на јавната свест за остварување на правото на глас од страна лицата со хендикеп, информира претседателот на „Полио Плус“, г-динот Звонко Шаврески.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK