Вто08042020

Последна промена03:26:05 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Успешна туристичка презентација на Охрид и Македонија во Белград

Успешна туристичка презентација на Охрид и Македонија во Белград

Сподели


Белградскиот саем за туризам кој завршува денеска, е најголемиот туристички настан во земјата и Југоисточна Европа.

Оваа година репрезентативниот штанд на нашата земја имаше рекорден број излагачи, позиционирајќи го своето место на српскиот туристички пазар. Хотелите Силекс, Климетица, Монтана, Парк, Гранит, Њу Стар, ресторан Острово, општините Крушево, Дојран, Охрид и туристичките агенции, Бадем Турс, Мацедонија Холидејс, Бохемија и Мацедонија Висион се претставници на туристичкиот сектор.41-вото издание на интернационалниот белградски саем за туризам (UFI), кој од 21-ви до 24-ти февруари годинава се одржуваше во Белград-Србија,како најголемиот туристички настан во земјата и Југоисточна Европа, ги исполнува светските стандарди во туристичкиот бизнис, гради партнерски односи со изложувачите кои преку квалитетни понуди и разни настани го привлекуваат вниманието на туристичките ентитети.Саемскиот настап поминува успешно за сите претставници од туристичкиот сектор, директорот на Агенцијата за туризам, оствари средба со директорите на националните туристички организации на Србија и Црна Гора за заеднички настап на најголемата туристичка берза во Азија. Следниот координативен состанок ќе биде во Скопје за договарање на заеднички туристички производ, кој ќе ја отслика душата на Балканот.
Интересот за Македонија на саемскиот настап во Белград беше пренесен преку српските медиумите кои присуствуваа на прес конференцијата, организирана од Агенцијата за туризам. Директорот Јаневски ги повика сите присутни тур оператори Македонија да биде следна дестинација за сите патувачи кои транзитираат низ нашата земја. Општините Крушево, Охрид, Демир Капија и Дојран ги презентираа туристичките содржини и ги поканија српските туристи да останат еден ден повеќе во нашата земја. Културните здруженија на Македонија во Србија го збогатија настапот со звуците на македонската музика, а винариите Попова Кула и Кралската винарија од Демир Капија овозможија дегустација на македонски вина.Поддршката од македонската амбасада во Белград и г-дин Александар Поповски и оваа година придонесува кон зацврстување на туристичките врски помеѓу Македонија и Србија.Македонија ги презентира туристичките содржини и капацитети заедно со повеќе од 1200 изложувачи, а бројот на посетители надмина над 70000 илјади. Меѓународниот карактер на настанот, кој привлекува повеќе излагачи секоја година од сите делови на светот, го потврдија повеќе од 250 странски учесници од 43 земји.Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот заедно со приватниот туристички сектор десет години континуирано и активно ги промовираат туристичките можности и дестинации на Македонија, на интернационалниот саем за туризам во Белград, Србија.
Според официјалните податоци од Државниот завод за статистика во Република Македонија бројот на туристи од Србија е во пораст и во 2018-та година во споредба со 2017-та година, забележан е раст од 8,2 отсто. Вкупниот број од 57 460 туристи со 100520 остварени ноќевања е доволна мотивација за зголемување и задржување на туристите од овој пазар. Предвидувањата за оваа година се Македонија да ја посетат 1,4 милиони туристи со остварени 4 милиони ноќевања.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK