Пет05242019

Последна промена07:37:40 PM

 

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Се одбележува Светскиот ден на бубрегот

Се одбележува Светскиот ден на бубрегот

Сподели

Светскиот ден на бубрегот / World Kidney Day е најодбележуван настан во светот кој се фокусира на здравјето на бубрезите.

WKD во светски рамки е заеднички организиран од страна на Меѓународните здруженија ISN и IFKF, a во Македонија Здружението на бубрежно болни граѓани НЕФРОН во соработка со стручните професионални здруженија на лекари и медицински сестри како и учество на одговорни личности во сегментот на здравството со подршка на медиумите, традиционално се приклучува во глобалната светска мрежа на организации кои го одбележуваат денот.
Хроничната бубрежна болест е значаен светски јавно-здравствен проблем.
Во 2019 година Светскиот ден на бубрезите промовира достапен и правичен пристап до здравствена заштита, превенција и третман на болестите на бубрезите ЗА СЕКОГО И СЕКАДЕ.
Во четврток на 14 Март Светскиот ден на бубрегот ќе се одбележи по 14-ти пат од страна на милиони луѓе ширум светот, со цел да се подигне глобалната свест за важноста на здравјето на бубрезите врз целокупното здравје на човекот.
Хроничната бубрежна болест ХББ зафаќа околу 850 милиони луѓе ширум светот и во моментов е 6-та водечка причина за глобална смртност. 3,5 милиони луѓе во светот страдаат од хронични бубрежни заболнувања во 5-тиот стадиум и за нив е неопходно да се обебзеди третман со дијализа (хемодијализа или перитонеална дијализа) или трансплантација на бубрег. Помеѓу 2,3 и 7,1 милион луѓе во светот прерано умираат поради недостаток на пристап до дијализа и трансплантација, односно третмани за лекување на бубрежните болести.
Во многу земји третманите за болестите на бубрезите често се недостапни, меѓу другото и поради високите финансиски трошоци, недостаток на инфрастуктура и специјализирани здравствени работници. Некои земји немаат обезбедени стратегии и третмани за управување со хроничните болести на бубрезите, а во повеќе од половина од земјите каде има стратегии нема воспоставено управување по упатства и стратегии за подобрување на грижата за болните со ХББ.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK