Нед11172019

Последна промена11:00:51 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија До 31 декември земјоделците да поднесат Барања за паушално оданочување

До 31 декември земјоделците да поднесат Барања за паушално оданочување

Сподели

Лицата кои обавуваат емјоделска дејност и чиј  приход  во 2013 година не надминува 1.300.000 денари, имаат  можност данокот на доход да го плаќаат  паушално, информираат од УЈП.

 

Земјоделците, кои не се регистрирани  најдоцна до 31 декември 2013 година до даночната канцеларија на УЈП или по електронски пат преку https://etax-fl.ujp.gov.mk/ треба да поднесат  пријава за регистрација на обврзниците кои остваруваат приходи од земјоделска дејност (образец “УЈП-РДО/З“)

Барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност (образец “ПДД-ПЗ“).

Оние кои се  регистрирани во УЈП како обврзник и  остваруваат приходи од земјоделска дејност, треба да поднесат  само Барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност (образец “ПДД-ПЗ“).

Пријавата и барањето може  да ги преземат  од веб страницата на УЈП http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/pregled.

Државата го стимулира земјоделието, па оттука за земјоделците кои ги исполнуваат условите за паушално оданочување се предвидени низа даночни поволности:

Целосно ослободување од плаќање на данок на доход, има за земјоделците чиј  приход во 2013 година изнесува до 300.000 денари, од вршење на основна земјоделска дејност.

Доколку приходите кои ги оствариле од основна земјоделска дејност се движат над 300.000 денари до 1.300.000 денари, предвидени се даночни олеснувања во висина од 80% од остварениот приход, односно ќе платат  данок само на 20% од остварените приходи. Доколку вршат  земјоделска дејност како дополнително занимање, предвидени се даночни олеснувања во висина од 80% од остварениот приход, односно ќе платат  данок само на 20% од остварените приходи.

Ослободување од плаќање на данок на доход за субвенциите кои им  ги доделила државата, информираат од УЈП. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK