Нед11172019

Последна промена11:00:51 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Денеска е првиот календарски зимски ден

Денеска е првиот календарски зимски ден

Сподели

Првиот зимски календарски ден започнува денес  во 18 часот и 11 минути. Календарската зима ќе трае се до 20 март 2014 година кога започнува календарската пролет. 21 декември се нарекува зимски солстициум.

Според управата за хидрометеоролошки работи, денешниот прв календарски зимски ден ќе ни донесе претежно сончево време со слаб до умерен северен ветер со максималната дневна од 2 до 13 степени.На денот на почеток на зимата, пладневното сонце е на својата најниска позиција на хоризонтот. Денес на јужната хемисфера започнува летото.

Долгорочните временски прогнози на ECMWF (The European Centre for Medium-Range Weather Forecasts), со седиште во Рединг, Англија, досега се покажале како многу точни. Метеоролозите предупредуваат дека сѐ уште е премногу рано за да дадат прецизни прогнози за оваа зима, но еве ги заклучоците врз основа на податоците кои досега се собрани.

Долгорочните временски прогнози велат дека во зимските месеци температурите ќе бидат просечни, па зимата нема да биде ниту премногу ладна, ниту топла. Нормално, треба да очекуваме кратки периоди со поладно време, проследени со снег и дожд.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK