Сре07172019

Последна промена02:17:22 PM

 

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Се слави Василиј Острошки Чудотворец

Се слави Василиј Острошки Чудотворец

Сподели

Според календарот на МПЦ днес се слави големиот Чудотворец Василиј Острошки. Илјадници верници уште од вчера го препрлавија неговиот манастир над градот Никшиќ во Црна Гора. 

 

За неговите чуда се зборува речиси насекаде во православието. 


Уште поголемо чудо и доказ за светоста на Василиј е чудотворната моќ на неговото тело, кое не е распаднато и се чува во ковчег во самиот манастир.

Тој, кој во својот земен живот личел повеќе на ангел отколку на човек, го воздигнал својот дух до престолот Божји, а своето тело го обесмpтил. Тоа свето тело за време на земското живеење било храм на светиот дух, а по разделувањето со душата, станало ризница на благодети.

Свети Василиј Острошки - житие

Не можат да се набројат разните чудесии, кои Господ преку него ги правел и кои секој ден ги прави и покажува над секој оној кој доаѓа да побара помош од овој голем светец и учител, двигател на православната вера.
Родум од Попово Село во Херцеговина, од родители прости но благочестиви. Од малечок беше исполнет со љубов кон Божјата Црква, а кога порасна отиде во требињскиот манастир на Успение на Пресвета Богородица и прими монашки чин. Набрзо се прочу со својот сериозен и редок подвижнички живот, зашто себеси си налагаше подвиг врз подвиг, с ? потежок и потежок. Подоцна го посветија за епископ Захумски и скендериски, наспроти неговата волја. Како архиереј прво живееше во манастирот Тврдош и оттаму како добар пастир го утврдуваше своето стадо во православната вера, чувајќи го од турската свирепост и од латинското лукавство. А кога непријателите многу го притеснија, а Турците го разорија Тврдош, се пресели во Острог, каде што тврдо се подвизуваше, оградувајќи го своето стадо со непрестајни молитви. Се упокои мирно во Господ во 16 век. Неговите мошти останааа цели и целебни, нераспадливи и чудотворни до денешен ден. Чудата на гробот на Св. Василиј се безбројни. Кон неговите мошти притекнуваат и христијаните и муслиманите и наоѓаат исцеленија во најтешките маки и болести. Секоја година на Педесетница во Острог станува голем народен собир.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK