Сре10232019

Последна промена03:38:20 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија УХМР издаде предупредување за поројни дождови и невреме

УХМР издаде предупредување за поројни дождови и невреме

Сподели

УХМР издаде предупредување од поплави.

 

Управата за хидрометеролошки работи издаде предупредување дека под влијание на серија влажни бранови денес попладне и во наредните денови времето ќе биде претежно облачно и нестабилно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд над 50 л/м2,во крајните западни и југоисточни делови и над 70 л/м2 за целиот период. Локално, процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град.

Според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи, новите врнежи од дожд прогнозирани за викендот и почетокот на наредната седмица ќе започнат да предизвикуваат проблеми со пролетната сеидба, расадувањето на тутунот и останатите работи на отворено, поради големата влажност особено во површинскиот слој.

Ваквите временски услови и понатаму не е поволни за пчеларството, заради интензивниот пролетен развој каде потребите од чести излетувања и носењето на храна се многу големи, а ветровитото и врнежливо време тоа не им го дозволува.

Се препорачува да се преземат превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции, да се расчистат одводните канали за полесно одлевање на површинските води и заштита од нив.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK