Нед11172019

Последна промена11:00:51 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Порталите нема да бидат опфатени со законот за медиуми

Порталите нема да бидат опфатени со законот за медиуми

Сподели

Ивановски соопшти дека постигнат е договор интернет порталите да не се регулираат со законите, новинарите да имаат претставник во Советот на идната Агенцијата за медиуми.

 

- „Се согласивме дека интернет порталите не треба да бидат дел од оваа легислатива што значи дека електронските публикации ќе се изземат од законот, се согласивме и за членот 48 кој се однесува на посебните забрани во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во кој ќе се додаде и нов став со кој ќе се вели дека секое ограничување на содржините на медиумите треба да биде во согласност со праксата на Европскиот суд за човекови права. Двете страни се согласни за застапеноста во Советот на идната Агенција за медиуми, изјави Ивановски министер за информатичко општество.

- „Добро е што интернет порталите се тргнаа од законот, бидејќи тој простор треба да биде слободен, бидејќи можеби е единствениот простор во медиумскиот етер, каде се уште има плурализам на идеи и ставови. И тоа е позитивна одлука на владата и ние ја поздравуваме“ , изјави  Насер Селмани претседател на ЗНМ.

Двата закони со кои се регулираат медиумите повторно ќе бидат ставени пред пратениците, откако пред повеќе од еден месец беа повлечени поради тоа што имаше силни реакции за спорни одредби од медиумите,од ЗНМ, но и од Брисел./ Извор Фактор

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK