Пет11152019

Последна промена08:34:51 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Ќе се намалува цената на становите

Ќе се намалува цената на становите

Сподели

Од идната  година се очекува намалување на цената на  становите во земјава за 5%.

Иако веќе имаше намалување од стотина  евра за метар квадратен, цените се уште се вештачки високи  и нереални, велат од Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија.

- Сметам дека и во годината што следи ќе имаме намалување на цената на становите, не драстично, но минимално, за да се постигне реална пазарна цена. Тоа сепак зависи од побарувачката на пазарот, изјави Цветко Грозданов директор на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија.

Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор месечно продава по триесетина  станови во земјава, по реална цена од 700 евра за метар квадратен.  

- Нема да дозволиме на приватните правни лица кои на некој начин сакаат да добијат што  е можно поголем заработувачка или маржа да остварат да им дадеме можност  цените да бидат вештачки напумпани или високи. На овој начин цената која нашето друштво ја формира е реална, додава Грозданов.

Поради големата градежна експанзија и високите цени во Охрид продажбата на станови стагнира. На атрактивните локации цените се движат од 1000 до 1500 евра за метар квадратен. 

Соња Рилковска

Канал 5 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK