Сре10232019

Последна промена03:38:20 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Македонски планинари искачуваат врвови за децата со ретки болести

Македонски планинари искачуваат врвови за децата со ретки болести

Сподели

Миленка Шаровиќ, Васко Русевски и Христифор Саракинов ќе искачат вкупно 11.983 метри на Елбрус и Алпите во хуманитарен потфат за поддршка на семејствата кои се соочуваат со ретки болести.

 

Тие објавија јавен повик до поединци и компании да донираат по 2 денари од искачен метар за фонд кој ќе биде наменет за поддршка на семејствата кои се борат со некаков вид на ретка болест.

-“Врвовите кои секојдневно ги искачуваат овие семејства се неспоредливо потешки од било кој планинарски врв на светот и за тоа симболично со овој наш поход сакаме да го свртиме вниманието кон вистинските херои од нашето соседство и заедно со помошта од компаниите и поединците што ќе се вклучат во оваа акција барем малку им помогнеме” - велат Миленка, Васко и Христофор.

Акцијата на тројцата планинари е во координација со Здружението за ретки болести ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ кои долги години се гласот на семејствата кои се соочени со предизвиците кои ретките болести ги носат.
Сите поединци и компании кои ќе се вклучат во акцијата ќе бидат објавени на специјална веб страница, споменати во сите соопштенија за медиуми и нивните логоа ќе се постават на знамето кое ќе се носи и поставува на сите планинарски врвови низ целата тура.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK