Сре10232019

Последна промена03:38:20 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Летово времена забрана за камиони на патот Охрид- Скопје

Летово времена забрана за камиони на патот Охрид- Скопје

Сподели

На сила е забраната за тешки возила на магистралниот пат Охрид – Скопје.

Започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период на државните патишта во земјава со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Забраната ќе важи до 31.08.2019.Временските интервали се следни:
петок: 17:00 – 22:00 часот
сабота: 09:00 – 18:00 часот
недела: 09:00 – 22:00 часот
Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе,хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.
Времен режим на сообраќај до 1 септември ќе има и на магистралниот пат Охрид- Скопје со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите во следните временските интервали:
петок: 15:00 – 22:00 часот
сабота: 07:00 – 12:00 и 18:00 – 24:00 часот
недела: 07:00 – 22:00 часот
Овој посебен режим на сообраќај се воведува во текот на летото со цел избегнување на застојот во сообраќајот на патната делница кон најпосетуваното туристичко место во Република Македонија, намалување на застоите на пунктовите за наплата на патна такса и воопшто побрз проток на возилата и непречено движење на туристите.Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат живи животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK