Вто09172019

Последна промена04:32:25 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Бигорската обител организира искачување на Крчин

Бигорската обител организира искачување на Крчин

Сподели

Бигорската и Рајчичката Обител и оваа година го организира еден  најомилените настани, кој од година во година привлекува сѐ поголем број љубители на планините – искачување на врвот Голем Крчин.

 

-Исто како и минатата година, наша цел е на врвот на Голем Крчин рано наутро да отслужиме Света Литургија и да се обидеме да ги видиме висините низ една друга перспектива.

Оваа година повторно, заради обезбедување на групата, ќе биде присутна и Единица за спасување на планини и непристапни терени при Црвениот крст од Охрид. Меѓу другото, сите планинарски и алпинистички клубови кои ќе земат учество, доколку сакаат, можат да го помогнат настанот со тоа што ќе пријават и лиценцирани планинарски водичи, со официјално призната лиценца од МАИВП или ФПСМ. Координатор меѓу сите водичи ќе биде лице од манастирот, информираат од Бигорската обител. 

Патеката е со средна тежина и трае околу 4 часа. Попатни кратки одмори на места каде што има извори со вода, од кои последниот е на средината од патеката, односно кај првата црква.

Пријавувањето за учество е задолжително. Токму затоа, ве молиме да го потврдите вашето присуство, како и бројот на членови и водичи кои ќе присуствуваат од вашиот клуб, кај сестра Ефимија (манастир Св. Георгиј Победоносец, Рајчица) на тел: 070 290 210

Време на собирање/поаѓање: 18 август 2019 (недела), 02:30 – 03:00 часот. Пристигнување на врвот во утринските часови.

Место: Пред поранешната караула во село Битуше, односно од пред скитот во изградба, посветен на Свв. Кирил и Методиј.

Враќање: Организирано поаѓање од врвот Голем Крчин веднаш после завршувањето на богослужбата. Ги замолуваме сите учесници да присуствуваат на заедничкиот манастирски ручек во Бигорскиот манастир, кој ќе биде послужен околу 13 ч.

Повеќе детали ТУКА 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK