Телевизиите го изгубија приматот, на пазарот на информации доминираат порталите

Сподели

Луѓето постојано бараат информации: најмногу за политика и бизнис, но и понуди за купување, за патувања и одмори, за состоби на патиштата… за се што им треба.

Со децении најчест и најмоќен извор на информации од кои се градат ставови и преземаат акции беше телевизијата како медиум но, во светот уште од пред десет години телевизиите го губат тој примат а расте моќта на интернет порталите, особено сериозните кои се фокусирани на дневни вести.

Во Македонија, и нашите соседни држави, тој процес се случува малку подоцна но, во Србија и Хрватска уште од пред пет години информативните портали станаа најголем извор на изнформации за граганите, а кај нас во Македонија тоа за прв пат е забележано во 2016/2017 кога и според официјалниот извештај на Агенцијата за медиуми информативните портали се повеќе користени како извор на дневни информации од телевизиите, и во таа област порталите имаат поголема информативна моќ, а големата гледаност на телевизиите се должи пред се на забава, филмови, серии и спортски настани, анализира Вечер.

Макфакс направи анкета во која традиционално учествуваат голем број граѓани, околу 5.000, кои дадоа одговор од кого граѓаните најмногу се информираат и убедлива е предност на информативните портали пред социјланите мрежи и телевизиите. Имено, според оваа голема анкета дури 58% од граѓаните информациите за политиката, бизнисот, културата или образованието ги добиваат од интерент порталите! Сериозните интернет портали, какви во Македонија има едвај дваесеттина, се најмоќен медиум кога е информирањето во прашање.

Токму затоа во пазарно развиените држави како САД, Франција, Италија, Грција… политичките и бизнис кампањи последнава деценија во најголем дел се пласираат и спроведуваат преку информативните портали кои функционираат во тесна врска со социјалните мрежи, а се помалку преку телевизиите додека другите медиуми речиси и да не се користат. Веста која ја емитуваат информативните портали уште од рано утро и цел ден потоа сама по себе во тој период веќе создала јавно мислење кое телевизиите, попладне и навечер, тешко дека можат потоа да го сменат или влијаат битно врз тоа.

Дури потоа се социјалните мрежи како Фејсбук или Твитер со околу 29% кои се масовни но, граѓаните не можат да имаат доверба во тие информации затоа што најчесто се без гаранции за веродостојност, со мал авторитет, а често и од неодговорни анонимни автори. Дури на трето место се телевизиите со 7,6% учество како извор на информации за граѓаните. Весниците и радиото се занемарливи во влијанието, и речиси и да не постојат како извор на информации.

Инвестирањето во техничката логистика, дизајнот, стабилноста, професионалноста на новинарите и најавената регистрација на сериозни информативни портали уште повеќе ќе ја заврсти позицијата на информативните портали како убедливо доминанатни медиуми на кои повеќе ќе се рекламира, ќе се создава поголема финансиска база од која ќе се добива се поквалитетен кадар и поголема професионалност на задоволство на јавноста.