Вто09172019

Последна промена04:32:25 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Да се издвојат повеќе пари за интернет рекламирање

Да се издвојат повеќе пари за интернет рекламирање

Сподели

ИАБ панел-дискусија: Дигиталните буџети мора да растат соодветно на важноста која ја имаат дигиталните медиуми!

 

Неодамна се одржа отворена панел-дискусија на тема “Перспективи во развојот на дигиталниот пазар во Македонија” во организација на ИАБ Македонија, асоцијацијата која ги обединува најголемите интернет портали, маркетинг агенции и огласувачи во земјава.

На настанот присуствуваа преку 50-тина претставници на компании, медиуми и агенции, кои споделија мислења и предлози на повеќе точки меѓу кои: соодносот на буџетите за огласување во телевизиите наспроти интернет порталите, развојот на дигиталниот пазар низ годините, можностите кои се отвораат со Google AdSense, справувањето со лажните вести, процесот за саморегулација и регистар на портали кои го прифаќаат Етичкиот Кодекс на ИАБ, односот институции-интернет медиуми и сл.

Модератор на настанот беше Претседателот на ИАБ Македонија, г-дин Борис Ефтимовски, кој пред почетокот на дискусијата одржа презентација на која информираше за истражувањата во однос на буџетите во дигиталниот пазар наспроти буџетите во телевизискиот пазар и истражувањата во врска со волуменот на конзумација на онлајн медиумите и довербата која публиката ја има во нив, наспроти конзумацијата и довербата во традиционалните медиуми.

Панелисти на настанот беа г-дин Александар Манев од Фактор Портал, г-ѓа Сашка Николова од агенцијата Медиа План и г-дин Дарко Лазаревски од Кајгана Медиа. Во дебатата активно се вклучија и од присутните гости како репрезенти на некои од клучните огласувачи, институции и агенции кои се дел од медискиот и дигиталниот еко-систем во државата, како и претставници на сродни медиумски здруженија.

Генералниот заклучок за кој сите се согласија е дека огласувачите мора поагилно да ги насочат своите буџети кон интернет медиумите со што ќе го следат зголемениот обем на внимание и конзумација кој овој вид на медиуми го има кај македонската публика.
Истовремено, интернет порталите, преку асоцијацијата ИАБ, треба да продолжат да работат на темата саморегулација и да промовираат позитивни практики на работа со што ќе направат дистинкција помеѓу професионалните портали и оние наменските кои генерално се користат за неетичка пропаганда.

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK