Пратеници бараат изборен модел со една изборна единица

Сподели

Пратениците се од повеќе партии, бараат промена на изборниот модел.

Дванаесет пратеници од 10 партии и еден независен пратеник се потписници на иницијативата за дефинирање на пропорционален изборен модел со една изборна единица, а не шест како што е сега.Потписници на иницијативата се: Лилјана Поповска, Маја Морачанин, Рубин Земон, Ферид Мухиќ, Мирослав Јовановиќ, Панчо Минов, Самка Ибраимоски, Јулиана Николова, Јусуф Хасани, Реџеп Мемеди, Алија Камбероски и Амди Бајрам.
„Како пратеници од иницијативата бараме да бидеме вклучени во процесот на измена на Изборниот законик, на кој сме обврзани како држава по забелешките на ОБСЕ/ОДИХИР од последните парламентарни избори. За таа цел, побаравме и состанок со претседателот на Собранието, Талат Џафери и со претседателите на трите партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, кои го водат овој процес“, пишува во иницијативата.
Потписниците сметаат дека на ваков начин ќе се обезбеди поголема транспарентност и инклузивност на целиот процес, како и почитување на волјата на оние граѓани кои очекуваат демократизација на земјата преку измени во изборниот модел.