Пет11222019

Последна промена11:20:32 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија По саемот во Сингапур се очекуваат повеќе туристи од Азија

По саемот во Сингапур се очекуваат повеќе туристи од Азија

Сподели

Македонските туристички потенцијали се презентираа на интернационалниот саем за туризам во Сингапур (ITBAsia) преку заедничка соработка со Србија и Црна Гора.

Заедничкото претставување на туристичките потенцијали на овие три земји како една дестинација е под слоганот “Вратата на Балканот” при што првиот ден од отворањето на оваа туристичка берза регистриран е неочекувано голем интерес на азиските туроператори за неоткриените балкански убавини.

“Потенцијалот на азискиот пазар е огромен и бројот на туристи од овој дел на светот кои ја посетуваат Европа и Балканот се во пораст секоја година. Балканот е неоткриена туристичка дестинација и е меѓу приоритетите на АППТ за следните неколку години. Преку учество на саемов целиме кон зголемување на бројот на туристи од Азија за 50%, зајакнување на регионалната соработка, како и заедничко претставување на Балканот како една дестинација за трети пазари“- изјави директорот на АППТ, Љупчо Јаневски.

Според Јаневски ова е совршена можност за будење на интересот кај македонските тур-оператори за организирање на поголем број на кружни тури на азиски туристи, кои пак би оствариле неколку ноќевања во овие три земји, а очекувањата за следниве неколку години е растот на туристичките посети да биде од 30-50%.

За време на најзначајниот саем за туризам во Сингапур потврдени се 50-тина средби со тур-оператори од овој дел на светот, а претставувањето на РС Македонија е во соработка со Туркиш Аирлајнс и македонски тур-оператори пред кои е огромна можност за отпочнување на соработка и проширување на понудата.

Саемот за туризам ITB Asia е саем насочен кон бизнис заедницата и оваа година се организира по 12-ти пат. На него учество земаат 1.000 егзибитори, 1.000 купувачи и 11.000 посетители од 127 земји од кои 70% се од Азија, 60% се купувачи со препорака, додека 25.000 е бројот на состаноци кои се однапред договорени. Дополнително, според статистиката на саемот, еден од двајца купувачи потпишуваат договор за соработка и 70% од учесниците имаат мандат за носење на одлука (високи менаџерски позиции) што го прави овој саем еден од највлијателните саемите во туристичката индустрија.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK