Чет11212019

Последна промена08:58:11 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Мармалади, сирења, џемови ќе може да се продаваат и од дома

Мармалади, сирења, џемови ќе може да се продаваат и од дома

Сподели

Пласманот на производите и ниските откупни цени се најболна точка на македонските земјоделци. 

 

За да се подобри ваквата состојба од Националната федерација на фармери – НФФ бараат почитување и имплементација на Законот за земјоделство и рурален развој за договорно производство каде што јасно е дефинирана формата и содржината на договорот за откуп, а времето на склучување да биде на почетокот на годината како што е кај тутунот, пренесува Вечер. 

Од НФФ предлагаат  измени, со што   ќе се овозможи малите производители,  кои произведуваат во домашни услови да може да ги пласираат своите производи на пазарите. 

-Сметаме дека со воведување на правилници за продажба на мало за производи од растително и животинско потекло преработките од земјоделски производи како што се мармалади, млечни производи, слатко, сирење и сл. земјоделците ќе можат да ги продаваат од своите домови. На тој начин ќе се овозможи економско јакнење на малиот земјоделец. Правилникот за продажба на производи од животинско потекло веќе се имплементира, а се подготвува и правилникот за растително потекло, вели Мојсовска.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK