Нед12082019

Последна промена03:37:38 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија 6000 слободни работни места, работниците сакаат високи плати

6000 слободни работни места, работниците сакаат високи плати

Сподели

6000 слободни рбаотни места, работниците сакаат високи плати. Никој веќе  не сака да работи за минималец.

Иако немаат квалификации и никакво искуство не прифаќаат да работат за минималец.

Се бараат келнери, хигиеничари, луѓе за сервирање на салати, комерцијалисти, возачи за автобуси и други профили. Но, дел од македонските работодавци имаат проблем да најдат работници, посебно ако на работникот во старт му нудат минимална плата. Минималецот не е примамлив за невработените, посебно за младите. Многу маркети, дуќани, сендвичарници на влезовите имаат истакнато огласи во кои се наведува дека им треба работник.

Од  други фирми во внатрешноста, велат дека нормално е тоа што луѓето одбиваат да работат за минималец. 

Голем проблем е дополнително и тоа што младите  масовно се иселуваат. 

-„Нема келнери, салатери, кувари. Нас во Охрид тоа ни е најголемиот проблем. Младите па и повозрасните заминуваат да работат во странство а ние немаме кадар“, се жалат и охридските угостители. 

Прво проблем е што не се пријавуваат работници на огласите, но и да се пријават бараат висока плата, а немаат соодветно знаење.

„Првиот месец добиваат минималец, плус обезбедена храна и превоз, но не сакаат да работат и по месец дена се откажуваат. Овие луѓе немаат знаење, не знаат да работат, а бараат плата од 20.000 денари. Работните места едвај ги пополнуваме, се нафаќаат да работат луѓето над 50 години, оти на тие години немаат каде да одат“, велат од кочанска млекарницата во зијава за Фактор. 

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2019 година, активното население во Република Македонија изнесувало 962.463 лица, од кои вработени се 794.283, а 168.180 лица се невработени.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK