Нед12082019

Последна промена03:37:38 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Се намалува бројот на живородени деца, расте бројот на умрени

Се намалува бројот на живородени деца, расте бројот на умрени

Сподели

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во третото тримесечје од 2019 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 7.4 % и изнесува 5 374 живородени деца.

 

Бројот на умрените лица во третото тримесечје од 2019 година бележи зголемување од 2.2 % во споредба со истото тримесечје од 2018 година и изнесува 4 701 лице, а од нив 14 се умрени доенчиња.

Природниот прираст изнесува 673, што значи дека за толку лица е поголем бројот на живородените деца од бројот на умрените лица. Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 0.2 % во споредба со истиот период од 2018 година и изнесува 4 302 бракови, информираат од Државнот завод за статистика.

Во ова тримесечје од 2019 година се регистрирани 385 разведени бракови, што претставува зголемување од 12.2 % во споредба со истиот период од 2018 година.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK