РЕК ги објави новите цени на горивата

Сподели

Новите цени објавени од Регулаторната Комисија за Енергетика, важат од ноќеска на полноќ.

Во согласност со методологијата за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени се намалуваат во просек за 2.32%. Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 остануваат непроменети, и еден литар 95-октански бензин и понатаму ќе чини 68.00 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 70.00 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за денар и половина, и еден литар дизел ќе чини 61.00 денари.