Нед09202020

Последна промена10:43:08 AM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Бројот на починати од корона вирусот се искачи на 304

Бројот на починати од корона вирусот се искачи на 304

Сподели

Бројот на починати од корона вирусот се искачи на 304.

Појавата на вирусот е потврдена во повеќе од 25 земји низ целиот свет, при што бројот на заболени се искачи на 14.300.

На Филипините почина кинески државјанин од Вухан откако е позитивно тестиран за коронавирус, со што стана првиот смртен случај надвор од Кина. Починатиот неодамна се вратил од Вухан, центарот на кризата.

44-годишниот маж почина во саботата, откако ја загуби битката со смртоносниот вирус, од кој животот го загубија 304 лица во Кина. Мажот, жител на Вухан, бил примен во локална болница откако покажал симптоми слични на грип како кашлица и болки во грлото, соопшти Светската здравствена организација.

Претседателот на Филипините  воведе забрана за сите пристигнувања од континентална Кина. Забраните се однесуваат и на Хонг Конг и Макао.

Многу земји организирале авионски превоз за своите граѓани кои во моментов се наоѓаат во зони каде што се појавил вирусот, а се воведуваат и други превентивни мерки, како што се двонеделен карантин и забрана за летови во Кина.

И нашата земја се подготвува за заштита од смртоносниот вирус. Засега мерките за сузбивање на ширење на вирусот во Македонија се  поставените  термо камери  на скопскиот аеродром.

-„Точно се знае што ќе се прави со секој сомнителен патник кој ќе стигне на Меѓународниот аеродром - Скопје. Доколку има пациенти кои имаат одредени симптоми на коронавирусот постои јасно одреден алгоритам како се постапува со изолација, со мониторирање... Патниците кои доаѓаат од Кина и немаат симптоми се упатуваат на домашен мониторинг во период од две недели колку што трае инкубацијата и ќе добијат телефони од Центарот за јавно здравје и Здравствениот дом во Скопје, Институтот за јавно здравје на кои ќе може да се јават за да ги контактираат лекарите со цел да не бараат здравствена помош во институциите, за да се спречи евентуално ширење на заразата. Нема ризик за голем број заболени од коронавирусот, но го подготвивме целокупниот здравствен систем, Целосно сме подготвени да се справиме со овој предизвик, иако ќе повторам далеку сме од тој ризик“, рече министерот Флипче. 

Филипините, Виетнам и Нов Зеланд воведоа забрана за патување во Кина, но и забрана за доаѓање на кинески државјани во тие земји.

Најголем број заразени и починати се регистрирани во Вухан, од каде потекнува вирусот, и во провинцијата Хубеи, каде се наоѓа градот.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK