Нед07122020

Последна промена08:01:50 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Денес се слави Василица

Денес се слави Василица

Сподели

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денес  е  1. јануари.

Синоќа на полноќ, се славеше  дочекот на Правславна Нова година.

Денес  според верскиот календар се слави  Обрезание Господово и Св. Василиј Велики, кој се упокоил на овој ден во 379 година.

Тој е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век.

Родум бил од Кападокија, завршил школа во Атина. Бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Роден е во времето на царот Константин. Уште како некрстен петнаесет години во Атина ги изучуваше философијата, реториката, астрономијата и сите други светски науки на она време. Школски другари му беа Св. Григориј Богослов и Јулијан, подоцна цар отстапник. Во зрелите години се крсти на реката Јордан заедно со својот поранешен учител Евул. Беше епископ на Кесарија Кападокиска речиси десет години, а својот земен живот го заврши кога наполни педесет години од раѓањето. Голем поборник на Православието, голем зрак на морална чистота и набожна ревност, голем богословски ум, голем устроител и столб на Божјата Црква – Василиј се нарекува Велики со полна заслужност.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK