Саб09192020

Последна промена01:56:54 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Грипот ги испразни училиштата, засега нема епидемија

Грипот ги испразни училиштата, засега нема епидемија

Сподели

Здравствените власти нема да прогласат епидемија на грип, иако училиштата и градинките се полупразни, а ординациите полни.

Комисијата за заразни болести само донела одлука да се органичат посетите во сите јавни здравствени установи. Министерот за здравство, Венко Филиче, потврди дека, засега, не се прогласува епидемија.

Грипот е сезонска епидемија сам по себе. Евентуално Светската здравствена организација (СЗО) може да прогласи пандемија, но далеку е од тоа. Има договор да се органичат посетите во сите јавни здравствени установи на ниво на држава, преку Комисијата за заразни болести – информира Филипче.

Според најновите податоци на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во текот на шестата недела од 2020 година, пријавени се 3.614 случаи со заболувања слични на грип, што е зголемување за 27,9 отсто во споредба со минатата недела. Бројот на пријавени лица споредено со шестата недела од минатата сезона, е зголемен за 60,9 отсто.

– Оваа недела во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ, пристигнати се 108 материјали за тестирање на грип. Од тестираните материјали, 69 (63,9 отсто) се позитивни за присуство на вирусот на инфлуенца – кај 35 е детектиран тип А, а 34 се инфлуенца тип Б. Во Дебар, Струмица, Кавадарци, Штип и Свети Николе е регистрирана многу висока активност на вирусот на грип – информираат во Институтот.

Како што објави вчера „Мета.мк“, поради грипот одделенијата во училиштата се преполовени, а испразнети се и групите во градинките. За докторите, ова е вообичаено за овој период од годината, но потенцираат и дека грипот се шири заради температурните разлики. Во Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле хоспитализирани се вкупно 76 деца и 54 мајки. Седум деца се со изолирана инфлуенца А или Б. Останатите деца се со опструкции, пневмонии и ларингитис. Оваа институција има капацитет од 90 легла. Во дневна болница има 25 пациенти, а во текот на еден ден се прават по 200 прегледи на пациенти.

– Кај некои деца има повисока телесна температура, а кај некои не. Вирусот е проследен со кашлица. Има простор за грижа само кај помалите деца, кои развиваат пневмоничен наод. Зголемената телесна температура трае од шест до девет дена и потоа поминува. Се дава лек за температура, а многу е важно и децата да да јадат и да пијат, за да не дехидрираат. Вирусот не се лекува со антибиотик, освен кај помалите деца кои влегуваат од вироза во бактериоза. Апелирам родителите да ги носат децата прво кај матичниот доктор, кој откако ќе ги направи сите испитувања, ќе процени дали на детето му е потребно болничко лекување – изјави директорот на Институтот д-р Ангелчо Андоновски.

Пациенти со компликации од вирози и грип се примаат и на Клиниката за детски болести. Од оваа година, во договор со Клиниката за инфективни болести, децата над четиригодишна возраст се примаат на Инфективна, а оние кои се помали, се хоспитализираат на Детската клиника.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK