Собранието се распушти, распишани се изборите во април

Сподели

Претседателот Пендаровски, доцна попладнево ги потпиша Указите за прогласување на законите усвоени од Собранието.

Пратениците со 108 гласови „за“, без против и воздржани донесоа одлука за распуштање на Собранието на Република Северна Македонија. Тие претходно ги донесоа законите за Јавно обвинителство, за Советот на јавни обвинители, како и законот за одбрана за кој беше потребно двотретинско мнозинство. Претседателот на Собранието Талат Џафери доцна вечерва ги распиша изборите поради временските рокови за да може предвремените парламентарни избори да се одржат на договорениот термин на 12-ти април.