Од полноќ нови цени на горивата

Сподели

РКЕ ќе ги каже новите цени на горивата.

Регулаторната комисија за енергетика ќе ги соопшти новите цени на горивата, кои ќе важат од полноќ. РКЕ ја утврдува новата цена на горивата врз основа на цената нанафтените деривати на светските пазари и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите седум дена. При последната промена минатата недела, бензинот Еуросупер БС-95 и Еуродизел (Д-Е V) поевтини за половина денар, Еуросупер БС-98 за денар, а Екстра лесното масло за домаќинство 1,5 денари. Новата цена на Еуросупер БС-95 изнесува 65,50 денари, а 67,50 денари на Еуросупер БС-98. Литар дизел се продава за 57,50 денари, е екстра лесното масло за домаќинство по 46 денари за литар. Цената на маузтот М-1 НЦ се намали за 2,028 денари и килограм од тој енергенс чини 32,894 денари.