Саб04042020

Последна промена05:58:29 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Стопиран е системот за закажување на патни исправи

Стопиран е системот за закажување на патни исправи

Сподели

Системот е стопиран до доаѓањето на новите обрасци.

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, на денешната прес-конференција соопшти дека од моментот на стапување на функција се соочил со недостиг на лични документи.
-МВР очекува во март да добие 100.000 обрасци за патни исправи. Во моментов се преостанати 3.700 обрасци, од нив 650 ќе бидат за издавање патни исправи по итна постапка, а останатите ќе се издаваат по приоритет. До пристигнување на новата пратка обрасци системот за издавање патни исправи се размислува да биде ставен вон функција, информира Чулев.
Тој нагласил дека за личните карти и возачките дозволи недостигот е надминат со натчовечки напори и ургенции до Веридос, но проблемот со патни исправи останува да постои и понатаму како резултат на лошо планирање, пропусти во работењето и несовесно работење и доцнење со нарачката на патните исправи. Според него, согласно она што фирмата Веридос го барала од нас нарачката требало да биде направена шест месеци до денот на доставување.
-Имено на 6 декевмри 2019 во информација доставена до министерот за внатрешни работи од страна на помошникот министер се укажува дека на залиха имало 88.100 пасоши. Кога дојдов јас како министер службите не информираа дека имаме сериозен недостиг на лични докумнети вклучително и пасоши и во информација само еден месец подоцна на 8 јануари 2020 година службите ме информираа дека имаме само 27 580 пасоши, или околу 50.000 помалку, рече Чулев.
Истакна дека тоа е резултат на несовесно и нестручно работење и во моментов се врши истрага да се утврди одговорноста. Според министерот, сите граѓани кои претходно имаат закажано по итна постапка, а тоа се околу 650 барања, ќе им се издадат патни исправи, но не и за оние барања за издавање патни исправи по редовна постапка.Нагласи дека МВР интензивно работи на надминување на проблемот.
-Во текот на денешниот ден повторно ќе направуиме обиди за решавање на проблемот, а во МВР веќе сме при крај за утврдување методологија. Приоритет ќе имаат сите оние случаи каде е неопходно издавање пасоши заради здравствени причини, рече Чулев.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK