Саб09192020

Последна промена12:47:15 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Како да се заштитите од коронавирус

Како да се заштитите од коронавирус

Сподели

Дезинфицирајте ги рацете.

Во својот список на препораки како да се заштитите од зарази, Светската здравствена организација не споменува маски за лице. На врвот е често миењето на рацете. СЗО препорачува дезинфекциско средство за рацете на база на алкохол, како на фотографијата, кои најчесто ги гледаме во болниците И сапун и вода ќе завршат работа. Поедноставното секојдневно решение се водата и сапунот, ако ги имате при рака. Но, проверете дали темелно ги миете рацете.Не е докажано дека маските за лице можат ефикасно да ве заштитат од вирусни инфекции. Овие маски веројатно се во можност да фатат некои микроби пред да стигнат до устата или носот. Но уште поважно е тоа дека тие ги спречуваат луѓето да ги допираат устата или носот (што повеќето луѓе го прават инстинктивно). Ако веќе сте болни, таквите маски може да спречат да не заразувате други.
Кинескиот центар за контрола на болести и превенција (ЦЦДЦ) ја објави досега најобемната студија за новиот коронаворус. Собраните податоци можат да помогнат во проценката за фактичката опасност од КОВИД-19. Во анализата се опфатени податоци за вкупно 72.314 пациенти, од кои 44.672 (61,8 проценти) се потврдени случаи,16.186 (22,4 проценти) се сомнителни случаи, 10.567 (14,6 проценти ) се клинички дијагностицирани случаи (само од провинцијата Хубеи) и 889 се атипични случаи (1,2 процент). Кај повеќе од 80 проценти од заразените, болеста тече релативно безопасно, 13,8 од инфицираните заболуваат тешко, додека само кај 4,7 проценти состојбата се означува за критична.
Вистински загрозени се првенствено луѓето над 80 години, кај нив стапката на смртност изнесува 14,8 проценти. На удар се пред се‘ пациенти со претходни хронични заболувања, притоа на врвот стојат срцевите заболувања, следи дијабетис, болести на дишните патишта и висок крвен притисок.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK