МВР формира комисија за решавање на пасошката криза

Сподели

Вчера комисијата го одржала првиот состанок.

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека со решение на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев формирана е Комисија која поради ограничениот број обрасци на патни исправи, по утврдени критериуми одлучува кои барања на граѓани се итни и неодложни да бидат процесуирани во итна постапка со цел издавање на патни исправи.
Имајќи го во предвид наведеново , ги известуваме граѓаните дека барањата за издавање на патни исправи, поткрепени со соодветна документација ,треба да бидат доставени до подрачните единици на Одделот за граѓански работи , со назнака дека се работи за ИТНИ барања за патни исправи кои се во надлежност на комисијата. Барањата неопходно е да содржат телефонски број на лицето-подносител.
Воедно ја информираме јавноста дека на 19.02.2020 година , Комисијата го одржа првиот состанок на кој беа разгледани вкупно 77 барања од граѓани, се вели во соопштението од МВР..