Манифестација за мартинките

Сподели

Манифестацијата „Среќна Баба Марта 2020“ ќе се одржи во Скопје.

Манифестацијата значи почитување на верувањата и обичаите поврзани со мартинките. Традиционалната манифестација „Среќна Баба Марта 2020“ по седми пат ќе биде отворена на 26 февруари во 12 часот на првиот кат во трговскиот центар „Капитол мол“ во Скопје. Организатор на настанот е Центарот за научно истражување и промоција на културата „ХАЕМУС“, а манифестацијата претставува дел од активностите поврзани со признавањето на овој традиционален украс како нематеријално светско културно наследство впишано на Репрезентативната листа на УНЕСКО. Настанот ќе биде отворен до први март и покрај оригинални рачно изработени амајлии од Македонија, Бугарија и Романија, постановката ќе биде збогатена и со едукативни панели, продажна галерија со ракотворби и креативна работилницa за деца.