Саб09192020

Последна промена12:47:15 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Се подига степенот на подготвеност против Корона вирусот

Се подига степенот на подготвеност против Корона вирусот

Сподели

Кризен штаб против Коронавирусот и термо камери на охридскиот аеродром.

Во борба против Корона вирусот ќе има засилена контрола на граничните премини и изолациски центри. На аеродромите во Скопје и Охрид, сите патници без разлика од која земја доаѓаат ќе бидат скенирани на термо камерите. Под полициски надзор ќе бидат изолациски центри во Штипската, Гостиварската и во Велешката болница. Таму на сомнители патници две недели треба да им се следи здравствената состојба.
Министерството за здравство по состанокот на управувачкиот комитет на центарот за управување со кризи соопшти и дека ќе формира кризен штаб кој ќе ја контролира работата на сите надлежни институции.
Најавена е засилена гранична контрола, а патниците од Северна Италија ќе е пропуштаат на само 5 гранични премини. Министерот Венко Филипче, уште еднаш ги повтори заклучоците од денешниот состанок на Комисијата за зарасни болести. Побара од граѓаните да не ја напуштаат државата, освен ако немаат итна потреба. Од утрово сите патници кои ќе влезат во земјава ќе треба да пополнат анкетни листови кој ќе им бидат дадени од граничната полиција.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK