Пет04102020

Последна промена12:17:53 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Во тек е увидот во Избирачкиот список

Во тек е увидот во Избирачкиот список

Сподели

Јавниот увид во Избирачкиот список завршува на 11 март на полноќ.

Во пресрет на предвремените парламентарни избори на 12 април, избирачите своите податоци во Избирачкиот список можеа да ги проверат и пред овој рок, преку апликацијата на веб страната на ДИК www.sec.mk. Според информациите, Државниот завод за статистика ги обработува податоците од Избирачкиот список, што до нив и до ДИК ги доставило МВР. В среда започнува и десетдневниот рок за собирање потписи на избирачите за предлагање кандидати за пратеници. Според Роковникот на ДИК, најдоцна 10 дена од денот на распишувањето на изборите Избирачкиот список се става на јавен увид кој може граѓаните да го направат во подрачните одделенија и месните канцеларии на Комисијата, но своите податоци, исто така може да ги проверат и преку апликацијата ставена на веб-страницата на ДИК. Во истиот период од 26 февруари до 11 март граѓаните можат да поднесат барање за запишување, дополнување или бришење на податоци во Избирачкиот список и тоа во подрачните одделенија и месни канцеларии на Комисијата.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK