Саб06062020

Последна промена04:47:06 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Голем хуман гест на продажниот центар „Атва“

Голем хуман гест на продажниот центар „Атва“

Сподели

Атва донира опрема за кичевската болница за околу 5000 евра.

Илјадници намирници за хигиена, течни и други средства за чистење, дезинфекциони средства, ароматизери и други освежувачи за просторија, стотици прекривачи, перници и многу други корисни и потребни предмети, денеска, продажниот центар „Атва“ и донираше на Општата болница во Кичево. Вредноста на донираните средства, материјали и предмети изнесува 290,000 денари но, она што во овие моменти е уште позначајно, би рекле непроценливо, е хуманиот гест што „Атва“ го направи во овие исклучително тешки моменти, кога во целата држава и светот, коси заразниот и смртоносен Корона вирус а економијата за секунда, ја стави на колена.
Од продажниот центар „Атва“ кој постои веќе 23 години, велат дека своето успешно работење им го должат, пред се на граѓаните од Кичево но и од Охрид и Струга каде имаат продажни салони. Додаваат дека како општествено одговорна компанија, на овој начин, сакаат да ја подржат Општата болница и на медицинскиот персонал, кои несебично се залага во борбата со корона вирусот и работи за здравјето на сите граѓани.
-Се надеваме дека ќе ги поттикнеме сите оние кои можат и се во можност да го сторат истото за институциите кои моментално се први на предизвикот од пандемијата, кој колку може, во рамките на своите можности заеднички без поделби ќе ги надминеме потешкотиите, покажувајќи општествена одговорност да се помогнеме. Без паника да ги следиме препораките од надлежните и најважно покрај неопходната лична хигиена останете дома, велат првите луѓе на „АТВА“

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK