Пет06052020

Последна промена04:47:06 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Адолесцентите имаат потешкотии со менталното здравје

Адолесцентите имаат потешкотии со менталното здравје

Сподели

Извештајот на СЗО за однесувањата поврзани со здравјето на 11-15 годишниците во Европа открива дека сѐ повеќе адолесценти пријавуваат потешкотии во менталното здравје.

 

Извештајот содржи исцрпни податоци за физичкото здравје, социјалните односи и менталната добросостојба на 227.441 деца на училишна возраст од 11, 13 и 15 години, од 45 земји. Со ова, тој ја поставува иницијалната состојба во однос на која идните студии ќе можат да го мерат влијанието на КОВИД-19 врз животот на младите.

Нов извештај од меѓународната студија за Однесувањата поврзани со здравјето кај децата на училишна возраст (ХБСЦ) објавен денеска од Регионалната канцеларија на СЗО за Европа за однесувањето на децата на училишна возраст на 11, 13 и 15 години, поврзани со здравјето и социјалните односи, од 45 земји, покажува дека менталната добросостојба на адолесцентите во многу од земјите опаѓа во периодот од 2014 до 2018 година.

„Тоа што зголемен број момчиња и девојчиња низ европскиот регион известуваат за нивното лошо ментално здравје – чувство на тага, нервоза или раздразливост – нѐ загрижува сите нас,“ изјави д-р Ханс Хенри П. Клуге, Регионален директор на СЗО за Европа. „Начинот на кој ќе одговориме на овој растечки проблем ќе одекнува со генерации. Вложувањето во младите преку, на пример, осигурување да добијат лесен пристап до услуги за ментално здравје, во склад со нивните потреби, ќе обезбеди тројна добивка: здравје, социјални и економски придобивки за денешните адолесценти, утрешните возрасни и идните генерации,“ додаде тој.  

Извештајот „Здравјето и добросостојбата на адолесцентите во фокусот“ открива дека општата добросостојба се намалува како што децата растат, при што ризикот од полоши исходи по менталното здравје е повисок кај девојчињата отколку кај момчињата. Еден од четири адолесценти кажува дека најмалку еднаш неделно се чувствува нервозно, раздразливо или пак не може да заспие.

Извештајот прикажува значителни варијации во поглед на менталното здравје помеѓу земјите. Ова укажува дека културните, политичките и економските фактори може да играат улога во унапредувањето на менталната добросостојба.

Во речиси третина од земјите, споредено со 2014, извештајот откри пораст во бројот на адолесценти кои се чувствуваат под притисок од училишните задачи и пад во бројот на млади кои известуваат дека го сакаат училиштето. Во повеќето земји приврзаноста кон училиштето се влошува со возраста - перцепцијата за поддршката од соучениците се намалуваат додека притисокот од училишните задачи расте.  

Студијата го истражува растечкото користење на дигиталната технологија напоредно со промените во статусот со менталната добросостојба меѓу младите во европскиот регион. Јасно е дека технологијата може да има позитивни придобивки, но исто така може да ја зголеми ранливоста и да воведе нови закани, како што е сајбер насилството, кое диспропорционално ги засега девојчињата. Повеќе од 1 од 10 адолесценти известуваат дека биле жртви на сајбер насилството најмалку еднаш во последните два месеци.

„Загрижувачки е кога гледаме дека адолесцентите кажуваат за сѐ почести проблеми во своето ментално здравје и оваа порака мораме да ја сфатиме сериозно бидејќи доброто ментално здравје е клучно за здравото адолесцентно доба,“ рече д-р Џо Инчли, Меѓународен координатор на ХБСЦ, од Универзитетот во Глазгов.

 

Ризичните однесувања, исхраната и физичката неактивност сѐ уште претставуваат клучни предизвици

Извештајот ги прикажува наодите од студијата ХБСЦ во земјите од европскиот регион и Канада, која се спроведува секои четири години. Други клучни наоди од последната студија се и следниве:

Ризичното сексуално однесување останува проблематично: 1 од 4 адолесценти кои имаат сексуални односи не користат никаква заштита. На 15-годишна возраст, 1 од 4 момчиња (24%) и 1 од 7 девојчиња (14%) кажале дека имале сексуален однос.

Пиењето и пушењето продолжуваат да опаѓаат, но бројот на сегашни корисници на алкохол и цигари останува висок кај петнаесетгодишниците, а алкохолот е најчесто употребуваната супстанца. Еден од пет петнаесетгодишници (20%) се опиле два или повеќе пати во животот, а речиси 1 од 7 (15%) биле пијани во последните 30 дена.

Помалку од 1 од 5 адолесценти ги спроведуваат препораките на СЗО за физичка активност – нивоата се намалени во една третина од државите, во споредба со 2014г., особено кај момчињата. Учеството во физичка активност се намалува со возраста и останува особено ниско кај девојчињата.

Повеќето адолесценти не го достигнуваат нивото на здрави нутритивни препораки, со што се намалуваат нивните можности за здрав развој. Околу 2 од 3 адолесценти не внесуваат доволно храна богата со хранливи материи, додека 1 од 4 јадат слатки, а 1 од 6 пијат газирани сокови /со многу шеќер/ секој ден.

Нивоата на прекумерна тежина и дебелина се пораснати од 2014г. и сега од нив страдаат 1 од 5 млади луѓе, со повисоки пропорции кај момчињата и помладите адолесценти; 1 од 4 адолесценти се доживуваат себеси како предебели, особено меѓу девојчињата.

Во времето кога се објавува најновата студија ХБСЦ, со наоди од 2017/2018г., светот се бори со пандемијата КОВИД-19. Следната студија, што ќе ги претстави наодите од 2021/2022г. ќе го прикаже влијанието на пандемијата на животите на младите луѓе.

„Широкиот опфат на прашања што ги покрива студијата ХБСЦ обезбедува увид во животот на адолесцентите денес и може да послужи како иницијална позиција за мерење на влијанието на КОВИД-19 врз животот на адолесцентите, што ќе се следи и анализира низ наодите од наредната студија во 2022г.“ рече Мартин Вебер, програмски менаџер за здравјето на децата и адолесцентите, при Регионалната канцеларија на СЗО за Европа. “Споредувањето на податоците ќе ни помогне да измериме како долгите периоди на затворени училишта и забраните за движење влијаеле врз социјалните интеракции на младите, како и на нивното физичко и ментално здравје.“

Контакт за медиуми

Cathy Bartley

Bartley Robbs Communications

+44 7958 561671

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Tina Kiaer

Communications Officer

WHO Regional Office for Europe 

+45 30 36 37 76

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Линкови до извештајот

Дел 1: клучни наоди, достапен на www.euro.who.int/en/hbsc-spotlight-vol1

Дел 2: клучни податоци, достапен на www.euro.who.int/en/hbsc-spotlight-vol2

 

Во врска со студијата ХБСЦ

Студијата ХБСЦ ги следи искуствата на младите повеќе од 35 години и е клучна алатка за следење на промените поврзани со голем број здравствени и социјални индикатори, а открива и  бројни прашања и теми што бараат здружени напори на политиките и креирање стратегии и ефикасни интервентни практики за нивно решавање.

Податоците од ХБСЦ се употребуваат на државно, регионално и меѓународно ниво за да се дојде до нови увиди во здравјето и добросостојбата на адолесцентите, за да се разберат социјалните детерминанти на здравјето и да понудат информации за политиките и практиките за да се подобрат животите на младите во европскиот регион и во Канада.

Меѓународниот координативен центар за ХБСЦ е со седиште во Универзитетот од Глазгов, Обединетото Кралство, додека централната банка на податоци од сите земји, е на Универзитетот во Берген, Норвешка. Дополнителни детали во врска со студијата и државите што учествуваат во неа се достапни на www.hbsc.org.

Денес, на 19.05.2020 година, ќе се одржи светска промоција на Меѓународниот извештај на Студијата за однесувањата поврзани со здравјето кај децата на училишна возраст (Health Behaviour in School-aged Children Study), што се спроведува во 48 земји од Европа и дел од светот, вклучително и во Северна Македонија.


  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK