Саб10242020

Последна промена06:29:58 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Спасовски: Изборите ќе се одржат на 5 јули

Спасовски: Изборите ќе се одржат на 5 јули

Сподели

Техничкиот премиер Оливер Спасоски денеска од Куманово најави дека по сила на закон изборите се на истекот од 22 дена по завршувањето на вонредната состојба, што значи  на 5 јули.

 

Било какво пролонгирање не е можно – ниту од правен, ниту од праведен аспект, со оглед на тоа што по 5 јули граѓаните ќе користат летни одмори, а на есен се заканува нов бран на ковид-19, смета Спасовски. 

Тој  ги повика сите политички партии, особено ВМРО-ДПМНЕ, да преземат одговорни чекори и да бидат дел од решението. Техничкиот премиер рече дека ќе биле посреќни ако датумот се одредувал со политички консензус, но нема да дозволат вечни преговори и саботажи од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со ова последно продолжување на вонредната состојба, датумот се фиксира на 5 јули. Изборите се поважни за здравјето на граѓаните и од кафеаните и од спортските натпревари, славите и веселбите. Ако можеме да пазаруваме секој ден во маркет или на пазар, да седиме во ресторан и состанок под маски, тогаш можеме со сигурност и да одиме на избори“, рече Спасовски.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK