Сре10212020

Последна промена05:48:47 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Третина од заболените од корона без симптоми

Третина од заболените од корона без симптоми

Сподели

Третина од 89-те новозаболени од КОВИД -19 кои беа евидентирани вчера се на возраст меѓу 30 и 39 години.

Повеќето од нив се жени, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.

Од вкупниот број на заболени во земјава, најголем процент се над 60 години, а највисока инциденца е регистрирана кај оние на возраст од 50 до 59 години, односно вкупно 470 болни се евидентирани во оваа група. Најмал процент на заболени има кај децата и младите до 19 години.

Она што е интересно е дека една третина од лицата кај кои е потврден вирусот, немаат никакви симптоми односно се асимптоматиски случаи.

Најголем процент од позитивните случаи односно 65,3 проценти имале зголемена температура, 52,6 проценти кашлале, 39,7 имале малаксаност, 18.9 проценти треска, главоболка 15,4, отежнато дишење 14,7 и болка во грлото 14,3.

Податоците на Институтот за јавно здравје покажуваат дека од вкупно заболените, 75,2 проценти имале контакт со лице позитивно на вирусот.

Третина од потврдените случаи имаат некоја хронична болест, најчесто кардиоваскуларна и белодробна болест. Од хоспитализираните случаи кај 54,3 отсто се присутни коморбитети. Најмногу смртни случаи се регистрирани кај лицата на возраст над 60 години, а од нив 96 се мажи и 44 се жени.

Во земјава досега се направени вкупно 30.302 теста, а детектирани се 2.315 позитивни лица. Активни се 606 лица, 569 се оздравени, а починале 140 лица.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK