Саб04042020

Последна промена03:51:46 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Матурантите на екстерно тестирање

Матурантите на екстерно тестирање

Сподели

Денеска и во петок околу 20.000 матуранти полагаат испит за екстерно тестирање. Предметите за екстерното тестирање беа објавени во неделата, на 19 јануари. Исто така, проверка ги очекува и околу 3.000 наставници, за кои екстерното тестирање треба да покаже дали правилно оценувале.

 

Матурантите имаа можност да се подготвуваат за испитот преку прашањата во електронскиот систем на Државниот испитен центар, каде имаа можност и да пријават доколку има грешки во прашањата.

Според министерот за образование и наука Спиро Ристовски биле пронајдени грешки во 151 прашање од 60.000 вметнати во системот.

Екстерното тестирање за прв пат се воведе во Македонија во 2009 година. Тогаш беше спроведено пробно тестирање, а првото регуларно тестирање беше спроведено за ланската учебна година. Целта на ваквата пракса во образованието е да се провери дали наставниците објективно го оценуваат знаењето на учениците во текот на целата учебна година./ Извор МТВ

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK