Сре09232020

Последна промена08:42:42 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Странците ја кудат патната инфраструктура, а го фалат гостопримството

Странците ја кудат патната инфраструктура, а го фалат гостопримството

Сподели

Туристите што лани  поминале преку граничните премини во земјава најниски оценки дале за патната мрежа и хигиената на јавни места.

Највисока оценка посетителите дале за однесувањето на луѓето, нивниот однос, гостопримливост и љубезност. 

Просечнната оценка на услугите на странските посетители на граничните премини во 2019 година, според објавените податоци на Државниот завод за статистика, изнесува 4,16.

Однесувањето на луѓето го оцениле со 4,53, археолошките и историски ресурси 4,51, природната средина 4,41, рестораните 4,37, аеродромските услуги 4,32, забавата и ноќниот живот добиле оценка 4,25, безбедноста и здравствените услуги добиле оценка 4,19, хигиената на јавните места 3,71 и патната мрежа 3,64.

Според возраста, најчести посетители се туристи меѓу 36 и 42 години, група која и најмногу транзитирала. На еднодневен престој најчесто или околу 30 проценти доаѓале посетители на возраст од 43 до 50 години, а 25 проценти биле во возрасната група од 36 до 42 години. 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK