Сре09232020

Последна промена08:42:42 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија За септември се формираат 16 ковид болници

За септември се формираат 16 ковид болници

Сподели

Се формираат 16 ковид болници, се зголемуваат капацитетите за тестирање, најави д-р Жарко Караџовски од Комисијата за заразни болести.

Активностите се во рамки на подготовките на здравствениот систем за есенските денови кога се очекува коронавирусот, заедно со респираторните вируси, особено инфлуенцата, дополнително да ја зголемат потребата од капацитети на болниците.

 

– Направивме план од формирање на 16 болници, Ковид 2 болници, што е нешто слично со болницата којашто ја имаме на Инфективна клиника, во коишто ќе имаме сместувачки капацитети, ќе имаме дијагностички капацитети и капацитети за надзор и тријажа, со цел да не влезе пациент во клинички центар болен со ковид – изјави Караџоски.

 

Дополнително тој информира дека се планира и зголемување на капацитетите за тестирање и дијагностика со вклучување на уште три институции во коишто ќе може да се прави дијагностика што ќе го зголеми дневниот капацитет за тестирање.

 

– Значи на сегашните 11 институции за дијагностика планираме уште три нови што со цел да добиеме уште 200 до 300 брисеви дневно, за да го зголемиме за процентот на брисеви и од 1.500 дневно можеби ќе дојдеме и до 2.000 на крајот на календарската година– изјави Караџоски.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK