Саб04042020

Последна промена03:51:46 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Архитектите против советниците да одлучуваат за изгледот на фасадите

Архитектите против советниците да одлучуваат за изгледот на фасадите

Сподели

Асоцијацијата на архитекти на Македонија испрати барање до Комората на овластени архитекти и инженери активно да се вклучи и да интервенира за предложени измени на Законот за градење.

Архитектите  реагираат на членот 4 со кој се предлага општинските и градските советници да одлучуваат за изгледот на фасадите на објектите кои се наоѓаат во централното подрачје-пишува Утрински весник

Од таму велат дека архитектурата е наука, се изучува на универзитет и е одраз на научна и естетска студија од што произлегува дека архитектите се единствени стручни и компетентни во формирањето на сликата на градот.

- „Со додавање на наведениот нов член во Предлог-законот за измени и дополни во Законот за градење, повторно и одново се потценува, девалвира и навредува архитектонската професија. Овој пат тоа се случува скандалозно, со воведување на член во Закон, директно непочитување на стручност, со што се создава правна рамка за исклучување на професионалци. Единствена цел и задача на архитектите е формирање на простор врз основа на стручност и компетентност, која се стекнува со образование и работа во областа на архитектурата“, стои во барањето на ААМ.

Најавените законски дополнувања доаѓаат истовремено со најавите на раководството на ГТЦ дека ќе продолжи да го турка контроверзниот проект за барокно рефасадирање на трговскиот центар во срцето на градот./ Извор Локално.мк

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK