Саб04042020

Последна промена03:51:46 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија За 11 месеци 230 милиони евра странски инвестиции

За 11 месеци 230 милиони евра странски инвестиции

Сподели

Според податоците на Народната банка, од јануари до ноември 2013 година во државата влегле 231 милион евра странски инвестиции. Само во ноември е регистриран прилив од 21 милион евра. Најголем дел, 128 милиони евра, се акционерски капитал и реинвестирана добивка, пишува Вечер.

 

Приливот на странски инвестиции за 11 месеци минатата година е скоро пет пати поголем споредено со истиот период во 2012 година, кога во државата биле регистрирани само 45 милиони евра странски инвестиции.

Според податоците на Народната банка, во јануари влегле 36 милиони евра, во февруари 24,4 милиони, во март 20,2 милиони, во април минус од 8,9 милиони, во мај 18,1 милиони, во јуни 22,7 милиони, во јули 35,3 милиони, во август 34 милиони, во септември 1,3 милиони и во октомври 25,6 милиони евра, а во ноември 21 милион евра странски инвестиции.

Податоците на НБРМ за влезот на странските инвестиции во 2013 година ги надминаа последните проекции на Владата од 200 до 250 милиони евра уште во првите единаесет месеци од 2013 година.

Во однос на претходните години, 2013 година е една од поуспешните години. Во 2009 година во Македонија влегле 145 милиони евра, во 2010 година 160 милиони, во 2011, која е најуспешна, влегле 336, 8 милиони, додека, пак, 2012 се карактеризира како една од понеуспешните, со влез од само 72 милиони евра./ Извор Вечер

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK