Саб12052020

Последна промена01:05:03 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Во последните седум дена инспекциските служби извршија 4.822 контроли, 2 угостителски објекти се затворени

Во последните седум дена инспекциските служби извршија 4.822 контроли, 2 угостителски објекти се затворени

Сподели

На  редовната прес-конференција претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска- Грашкоска, ги презентираше податоците од спроведените контроли на инспекциските служби во периодот од 9 до 15 ноември.

Во овој период Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за транспорт и Агенцијата за лекови и медицински средства, спроведоа вкупно 4.822 контроли, од кои 1.754 се надзори. Притоа, Државниот здравствен и санитарен инспекторат во посочениот период изврши 80 надзори, врз основа на кои изрече 6 решенија. Притоа, овој инспекторат којшто покрај вршењето на надзори во здравствените установи, задолжен е и за издавање на решенија за изолација, во посочениот период издаде вкупно 13.676 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на КОВИД-19 и лица кои биле во контакт со заболени лица од КОВИД-19. Во истиот период, инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, извршија 3.068 контроли и 619 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти кои послужуваат храна, Законот за трговија, Законот за заштита на потрошувачите, Законот за угостителска дејност и Законот за заштита од пушењето и др. При контролите на ДПИ, е констатирано дека два угостителски објекти ги прекршиле здравствените протоколи, при што на истите на лице место им е изречена мерка за привремено затворање на објектите.

Во продолжение е интегралното обраќање на претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска:

„На денешната редовна прес-конференција ќе ги презентираме податоците од спроведените контроли на инспекциските служби во периодот од 9 до 15 ноември. Во овој период Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за транспорт и Агенцијата за лекови и медицински средства, спроведоа вкупно 4.822 контроли, од кои 1.754 се надзори.

Или поединечно по инспекторати состојбата е следна:

Државниот здравствен и санитарен инспекторат во периодот од 9 до 15 ноември изврши 80 надзори, врз основа на кои изрече 6 решенија. Притоа, овој инспекторат којшто покрај вршењето на надзори во здравствените установи, задолжен е и за издавање на решенија за изолација, во посочениот период издаде вкупно 13.676 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на КОВИД-19 и лица кои биле во контакт со заболени лица од КОВИД-19.

Во истиот период, инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, извршија 3.068 контроли и 619 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти кои послужуваат храна, Законот за трговија, Законот за заштита на потрошувачите, Законот за угостителска дејност и Законот за заштита од пушењето и др. При контролите, изречени се 31 прекршочна пријава од кои 2 прекршочни пријави се поради непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести. Овие 2 прекршочни пријави се поднесени против еден угостителски објект во Гостивар во кој не се почитувало работното време и против еден угостителски објект во Охрид во кој не се почитувало ограничувањето за 4 лица на една маса. И во двата случаи изречена е мерка забрана за вршење на дејност, односно истите се затворени за работа на лице место, а дополнително и изречени им се соодветни прекршочни платни налози, согласно Законот за заштита на населението од заразни болести. Освен ова, ДПИ во посочениот период издаде и уште 62 решенија и 38 прекршочни платни налози за прекршување на материјалните закони.

Во периодот од 9 до 15 ноември, Инспекторатот за транспорт изврши 80 надзори, при што за непочитување на материјалните закони изречени се: 10-прекршочни пријави и 17- решенија и 2 прекршочни патни налози. Од вкупните спроведени надзори, 15 се по Законот за заштита на населението од заразни болести, при што се издадени два прекршочни платни налози и поднесени се три прекршочни пријави заради непочитување на Протоколот за меѓународен превоз на патници, на граничниот премин Деве Баир.

Државниот инспекторат за труд, во изминатите 7 дена изврши 550 надзори во правни субјекти на територијата на целата држава со фокус на почитување на здравствените протоколи во делот на одржување на дозволено растојание, станици за хигиена, дезинфекција и друго. Притоа, Инспекторатот изрече 24 решенија кои се однесуваат на утврдени неправилности од областа на работните односи и издаде 8 прекршочни платни налози поради констатирано прекршување на Законот за заштита на населението од заразни болести, конкретно поради неносење заштитни маски на работно место.

Агенцијата за лекови и медицински помагала, МАЛМЕД во истиот период спроведе 26 надзори во аптеки во целата држава. Надзорите се извршени по основ почитување на мерките на Владата односно за формирани цени на заштитни средства од корона вирус и издавање на антибиотици. Притоа, издадена е една опомена за погрешно означување на надворешното пакување на заштитни маски.

Агенцијата за храна и ветеринарство, изврши 399 надзори, при што издадени се 12 решенија и 19 едукации, по основ на неизвршени здравствени прегледи, неспроведување на општи хигиенски мерки, нерегистриран објект и небезбеден производ.

Периодот кој следи, е особено важен за сите нас. Влегуваме во веројатно најтешкиот период од справување со пандемијата предизвикана од вирусот КОВИД-19, и затоа најважно од се е сите заеднички да придонесеме во намалување на ширењето на овој вирус. Тоа ќе го постигнеме само преку почитување на мерките и протоколите, и од страна од граѓаните и од страна на стопанствениците. Инспекциските служби, ќе продолжат да работат со полн капацитет и во следниот период, како главен контролен механизам на почитувањето на здравствените протоколи и материјалните закони.

Затоа би сакала да апелирам до сите правни субјекти и граѓани да ги почитуваат владините мерки и препораки во насока на превенирање и заштита од ширењето на коронавирусот КОВИД-19. На овој начин ќе им помогнеме на инспекторите, на здравствените работници, на полицијата, армијата и на сите кои учествуваат во борбата против оваа пандемија, заеднички да ја надминеме оваа здравствена криза“.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK