Чет03042021

Последна промена04:25:30 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија МАКЕДОНСКАТА ТУРИСТИЧКА БЕРЗА ЗА ДОЈДОВЕН ТУРИЗАМ ГОДИНАВА НА ИНТЕРНЕТ ПЛАТФОТМА

МАКЕДОНСКАТА ТУРИСТИЧКА БЕРЗА ЗА ДОЈДОВЕН ТУРИЗАМ ГОДИНАВА НА ИНТЕРНЕТ ПЛАТФОТМА

Сподели

Во отсуство на саеми за туризам, за разлика од претходните години, петтата по ред македонската берза за дојдовен туризам ќе се оддржи на интернет платформата mtb.org.mk, велат од Националната асоцијација за дојдовен туризам на Македонија, кои се воедно и организатори на истата.

 

Виртуелниот настан ќе се оддржи на 25-ти и 26-ти февруари, каде свое учество може да земат сите тур-оператори/туристички агенции кои работат во доменот на дојдовниот туризам, хотели, ресторани, превозници и туристички атракции. Предноста од учеството е тоа што ќе може да ги промовираат своите услуги и производи пред странските тур оператори, да разговараат со нив и да стекнат нови контакти кои ќе им помогнат во натамошна соработка.

Оваа година настанот нема да се разликува по обем, туку само по начинот на реализација.

Организаторите се задоволни од досегашната заинтересираност зашто говори големиот број на пристигнати апликацииите за приклучување кон берзата. Впрочем, со самото учество, сите присутни ќе добијат исклучително вредни совети за тоа како да се искористат предностите на дигитализацијата во туризмот. Ќе ги слушнат новите глобални трендови презентирани од потврдени светски експерти во областа на туризмот а, најважно од сѐ, ќесе запознаат сонови потенцијални соработници.

Постојат различни можности за компаниите, во зависност од нивниот интерес. Нашата платформа нуди можност да ги промовираме нивните понуди пред странските тур оператори, да закажуваат состаноци со нив, да разменуваат контакти и мислења и да слушаат предавања од врвни светски ескепрти кои ќе зборуваат за она што може да го очекуваме во иднина, вели Влатко Сулев кој е претседател на НАИТМ.

На платформата, што веќе е активна и ги очекува останатите апликации, може да се забележат шест потврдени врвни имиња кои ќе имаат свои предавања. Дел од нив се Френк Мар– специјалиство дигиталната сфера, Тине Мурн- основач на „Мајнбранд УК“, Марлон Ван Хее- експерт за туризам, тренер за извозен туризам и проект менаџер.

Берзата ќе трае два дена, но контактите и стекнатото знаење ќе останат многу подолго. Ние, како организатори, успеавме да договориме голем број реномирани имиња кои ќе ни го пренесат нивното знаење со цел да бидеме во тек со актуелните случувања во туризмот. Од друга страна пак, успеавме да изградиме одчична база на странски компании од туристичкиот сектор кои ќе бидат присутни на самиот настан. Ова е одлична можност за сите да го промовираат она во што се најдобри, додава Сулев.

Организаторите велат дека присутните компании ќе го чувствуваат придобивките во текот на целата година. Платформата ќе функционира и по завршувањето на берзата, а регистрираните компании ќе добиваат нови информации од сферата на туризмот.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK