Чет03042021

Последна промена04:25:30 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Стопанска комора бара да профункционира Комитетот за туризам и да се поедностави постапката за субвенционирање

Стопанска комора бара да профункционира Комитетот за туризам и да се поедностави постапката за субвенционирање

Сподели

Итно да профункционира Комитетот за туризам, да почне имплементирањето на донесените мерки и да се поедностави постапката за субвенционирање, бара  Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија.

Здружението смета дека туризмот и во услови на КОВИД може да функционира и да даде добри резултати, но изостанува реализација на мерките. Затоа бара средба со премиерот на која би биле презентирани ваквите ставови и би се креирал планот за делувањето оваа година. Засега, велат од Здружението, нема оптимистички најави во однос на странските гости. Ситуацијата е неизвесна и се е на чекање.

-Се чекаат јасни сигнали од страна на Светската здравствена организација и државите, какви ќе бидат протоколите за патување, но ние ќе треба да сме подготвени да докажеме дека ги почитуваме протоколите и дека знаеме да се справиме ако нешто им се случи на туристите. Во моментов немаме оптимистички најави, се е на чекање, но ние нашиот организациски дел ќе мора да издигнеме на многу повисоко ниво. Маркетингот и промоцијата ќе треба да играат значајна улога. Сублимат на сите наши барања е неодложна средба со премиерот, рече на прес-конференција заменик-претседателот на Здружението, Асим Меџедовиќ.

Тој информира дека Здружението до Владата доставило предлог за олеснување на постапката за субвенционирање. Предлогот е во процедура, но се уште не е во функција.

-Иницијативата за олеснување на постапката за субвенциионирање е со цел да се одржат постоечките традиционални пазари, да се исцрпи потенцијалот на пазарите од државите од регионот, но и да се освојат нови пазари во пост КОВИД период. Акцентот го ставаме на регионот, бидејќи земјите од регионот се пазар со околу 50 милиони туристи неискористен потенцијал, без Турција. Олеснето, односно поедноставено субвенционирање по предлог на бизнис секторот е значајно да се реализира во најкраток можен рок за да може да се поддржи пазарот, истакна Меџедовиќ. Неопходно е, напомена Меџедовиќ, да се даде јасен сигнал дека земјава е отворена за туристите.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK