Вто03022021

Последна промена04:11:35 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Почнува хемиската кастрација на педофилите

Почнува хемиската кастрација на педофилите

Сподели

Македонија е единствена земја во регионот која ги направи овие измени и воведе хемиска кастрација за да се заштитaт децата, пишува денешен Вечер.

 

Задолжителна хемиска кастрација за повратници педофили, минимална затворска казна од 12 години, доживотен затвор за тешки облици на сексуална злоупотреба, но и намалување на казната за половина за педофилите кои ќе се согласат да ја примаат терапијата, се дел од измените во Кривичниот закон на Македонија кои завчера минаа на собраниската седница. Според прописите во наредните петнаесетина дена измените ќе бидат објавени и во Службениот весник на РМ со што и официјално ќе стапат на сила.

На законските измени работеа експерти од повеќе министерства, но и од невладини организации кои се занимаваат со оваа проблематика и со заштита на децата. Повеќе од јасно беше дека постоечките одредби во Кривичниот закон кои се однесуваат на сексуалната злоупотреба врз децата се благи и не кореспондираат со моменталната состојба. Анализите покажаа дека просечната затворска казна за педофилите се движи меѓу 6 и 8 години и дека голем број од нив се повратници./ Извор Вечер 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK