Сре01272021

Последна промена05:17:29 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Паѓаат цените на становите

Паѓаат цените на становите

Сподели

Се намалува изградбата на станови во земјава – покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, а паѓаа и цените на становите, се вели во извештајот на НБРМ, пишува Фактор.

 

Според најновите податоци на државниот завод за статистика може да се забележи дека има пад во планираната изградба на станови. Имено, во декември лани била предвидена изградба на 336 станови со површина од 33.017 квадратни метри, а во декември 2012 година била предвидена изградба на 587 станови, со површина од 48 503 метри квадратни.

Бројките покажуваат дека пазарот на недвижности станува презаситен, а цените на становите се очекува да одат надолу. Токму тоа е наведено и во кварталниот извештај на НБРМ, каде е посочено дека цените на становите ќе се намалуваат.

Според последните податоци, во 2012 година биле изградени вкупно 6.433 станови. При тоа најмногу се граделе трособни и двособни станови, а најмалку се граделе еднособни станови./ Извор Faktor.mk

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK