Пет10222021

Последна промена06:47:18 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Пазарната инспекција на терен, казнети 4 угостители во земјава

Пазарната инспекција на терен, казнети 4 угостители во земјава

Сподели

Досега се изречени само четири казни поради непочитување на мерките кои ги изрекоа властите почнувајќи од 16 јули годинава, а согласно кои во објекти или, пак, во локали на отворено, може да се влезе само со приложување на доказ за вакцинираност, или, пак, со потврда за прележан вирус во последните 45 дена.


Директорката на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска-Димоска, го појасна начинот на контролите за Фактор.

Најчесто гостите го покажуваат вакциналниот сертификат на својот мобилен терлефон, но, некои граѓани ги носат сертификатите испечатени во хартиена форма и ги покажуваат при контролите.


„Главно сертификатите ги бараме од редарите кои се задолжени за нивна проверка во локалите. Некогаш носиме одлука да провериме кај сите гости дали поседуваат сертификати, а некогаш проверките ги правиме по случаен избор, значи не кај сите, туку само кај неколкумина од гостите. Дали ќе му се каже на редарот да ги приложи сертификатите, или ги бараат нашите инспектори и припадниците на МВР, зависи од контрола до контрола. Притоа, или се скенира дали е валиден вакциналниот сертификат, или, пак, се проверуваат испринтаните сертификати доколку некои од гостите ги приложуваат во таква форма“, објаснува Симеска Димеска.

Притоа, проверката на валидноста на вакциналниот сертификат може да се направи со било кој паметен телефон.

Симеска вели дека доколку утврдат неправилност, инспекторите преземаат мерки, односно поднесуваат прекршочни платни налози.

„Но, главниот впечаток е дека мерките се почитуваат. Во речиси сите локали има намален обем на гости, односно во објектите нема гужви и тие се речиси попупразни. Но, оние посетители кои се таму, сите поседуваат вакцинални сертификати“, објаснува Симеска.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK