Пет10222021

Последна промена06:47:18 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Смртноста од ковид е драстично поголема во градовите со мал процент на вакцинирани

Смртноста од ковид е драстично поголема во градовите со мал процент на вакцинирани

Сподели

Смртноста на пациенти со ковид е драстично поголема во градовите каде има мал процент на вакцинирани граѓани.

Во градовите кадешто процентот на опфат со вакцинација е поголем, бројот на починати е најмал, односно има по еден починат. Тетово, го пречека бранот само со 19% опфат на вакцинирани граѓани во јули, таму имаше најголем притисок врз болниците, најголем број хоспитализирани пациенти и најголем број смртни случаи, 106 до крај на август. Последните недели драстично е зголемен интересот за вакцинација во Тетово и изнесува скоро 37%. Слична е состојбата и во Гостивар каде исто така имаше мал опфат на вакцинирано население, односно до крајот на август изнесуваше под 30%, а бројот на починати со ковид е 73.
-Време е да ги отфрлиме сите заблуди во врска со вакцините и да се придвижиме кон фактите и кон реалните докази кои всушност ни покажуваат колку тие се значајни и ефикасни. Целта е да го победиме вирусот, а тоа ќе го направиме само со масовна имунизација на целокупното население. Само на овој начин можеме да живееме повторно слободно, без ограничувања и без рестрикции, вели министерот за здравство Венко Филипче. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK