Пет10222021

Последна промена06:47:18 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Носете заштитна маска ве штити од вируст

Носете заштитна маска ве штити од вируст

Сподели

Заштитните маски штитат од вирусот, а не предизвикуваат здравствени проблеми, твдат лекарите.

 

Го пренесуваме целосно статусот на д-р Илче Ефкоски

-Маските можат да бидат причина евентуално за кожни инфекции, но тоа е неспоредливо со прележување болест Ковид-19.
Нека не ви полнат уши со лажни информации. Заштитете се и заштитете ги децата со сите потребни мерки за заштита.
Маските во Ковид-19 се директно апликативна мерка на изворот на заразата и на влезот на заразата.
Преку двојната улога која ја нуди една маска за респираторна заштита, вие дефинитивно може да го намалите ризикот како за себе, така и за останатите.
Носењето на ФФП3 маска за респираторна заштита, скоро целосно ве заштитува од вирусот САРС-КоВ-2, нешто кое се докажа по болниците во кои се лекуваат Ковид пациенти. Здравствените работници не беа заразени иако работеа во висок ризик од заразување во лошо вентилирани простории.
Откако ФФП2/Н95/КН95 станаа задолжителни во јавен транспорт и во јавни затворени простории,
позитивните случаи паднаа.
Секаде каде "маскирањето" беше целосно спроведено, секаде паднаа позитивните случаи.
Дури и се изведоа студии за да докажат на шутраци дека не сме убијци оние кои препорачуваме заштитна опрема и облека. Преку истите се докажа дека ЦО2 не се задржува во просторот под маската (што е и логично кога големината на честичките е многупати помала од големината на отворите низ плетката Н95), како и дека немате повеќе ЦО2 во вашето тело поради употреба на Н95 заштитна маска.
Еден МИТ кој е делумно точен: Носам маска, не треба дистанца.
Ова може да е ВИСТИНА за ФФП3 кај професионални работници.
Во секој друг случај држете дистанца, сепак ова е зависно од човечкото однесување.
Луѓето често ги спуштаат маските за да зборуваат, викаат, киваат, кашлаат, со кое исфрлаат респираторни и плункови капки кои се носители на вирусот кон вас. Затоа е потребна дистанца.
Штом сте на безбедна далечина, спуштете ја маската слободно.
И еден ФАКТ:
Дистанцирањето и носењето маска се уште се најефективната комбинација за ограничување на ширењето на КОВИД-19!
Без нив, вирусот добива шанса да се транспортира до следниот домаќин, што му овозможува да мутира и еволуира.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK